Skip to content

Jаже и мрежи – Видови на производи

Ние располагаме со широк асортиман на производи, повеќе од 30 производи, секој од нив може да биде изработен во разни димензии, дезени и плетки зависно од функцијата. Нашата професионалност се темели на годишното искуство, модерната технологија со која располагаме како и инвестирањето во посета на интернационални саеми. Со  посебна почест може да кажеме дека сме први и единствени произведители на braided и twisted јаже на овие простори. Како производители добавувачи сме на клиенти кои за примарна дејност на работење имаат: трговија, железарија, текстилна индустрија, производство на мебел и ентериер, спорт, земјоделство, кожарска индустрија, градежништво, уредување на просторот, печатарска дејност, амбалажирање, електроинсталатерски работи, канцелариско работење, а кои  важат за успешни бизнис приказни во Северна Македонија, Грција, Кипар, Косово, Србија, Бугарија, Албанија. Наша аспирација е да продолжеме и да ги прошириме соработките на пазарот низ цела Европа.
Имаме капацитет за масовно производство, а со врвни технологии и знаење нашиот тим професионално ќе одговори на барањата и потребите на клиентите.
Следи прилог на дел од нашиот асортиман на производи:
🔻

Јаже полиестер
Дупло braided полиестер
Дупло плетено јаже
Јаже полипропилен
Корд Јаже
Најлонско јаже
Пловно јаже
Оловно јаже
Јаже во вплетена сајла
Ластик јаже
Памучно јаже (twisted)
Памучно јаже (braided)
Макраме јаже
Јутено Јаже (twisted)
Јутено јаже (braided)
Јаже за изведување на градежни работи
Emstvenik
Еластично јаже за товар
Текстилна ластика
Врвки за кеси
Трака
Снур
Јаже за вежбање
АКВАКУЛТУРА (изработуваме кафези за Аквакултура)
Безбедносни мрежи

Спортски мрежи и заштитни мрежи за внатрешни и надворешни игралишта

Заштитни мрежи за трамболина и игротеки

Мрежа за заштита од ластовици и други птици како и од мачки и други животни
Заштитна мрежа за товар
Карго мрежа
Language