Располагаме со повеќе од 20 години искуство во нашата област и 80+ машини за производство на високо квалитетни производи кои минуваат низ индустриски процес кој значи примена на највисоки технологии и стандарди. Продуктите кои ги произведуваме се мултинаменски. Истите имаат широка примена и тоа во: – текстилна индустрија (текстилна ластика и шнур) – градежништво – земјоделство – декоративно работење и уредување на просторот ( во овој контекст произведуваме и јутени јажиња, мрежи за фасади и балкони против ластовици и други птици) – АКВАКУЛТУРА (изработуваме кафези за Аквакултура) Произведуваме и: – ластик јаже за камионски церади,ластики за багаж, тенди и сл – оловни јажиња – јажиња за украсни ќеси – ластики за административни папки – емственик кои наоѓа примена во административното и нотарското работење – спортот: изработка на мрежи за фудбалски, ракометарски голови, тениски мрежи, заштитни и спортски мрежи за сали и спортски игралишта. Плетените јажиња се изработуваат во различни димензии и тоа: од Ф 0,5мм до 40мм и во секакви бои, дезени и плетки. Производството зависно од вашите потреби може да биде од полиестер, полипропилен, најлон, памук, јута. Јажињата содржат UV заштита што ги прави отпорни на надворешни влијанија. Располагаме со широк асортиман на производи, повеќе од 30 производи, секој од нив може да биде изработен во разни димензии, дезени и плетки зависно од функцијата. Нашата професионалност се темели на годишното искуство, модерната технологија со која располагаме како и инвестирањето во посета на интернационални саеми. Со посебна почест може да кажеме дека сме први и единствени произведители на braided и twisted јаже на овие простори. Како производители добавувачи сме на клиенти кои за примарна дејност на работење имаат: трговија, железарија, текстилна индустрија, производство на мебел и ентериер, спорт, земјоделство, кожарска индустрија, градежништво, уредување на просторот, печатарска дејност, амбалажирање, електроинсталатерски работи, канцелариско работење, а кои важат за успешни бизнис приказни во Северна Македонија, Грција, Кипар, Косово, Србија, Бугарија, Албанија. Наша аспирација е да продолжеме и да ги прошириме соработките на пазарот низ цела Европа. Наши производи
Имаме капацитет за масовно производство, а со врвни технологии и знаење нашиот тим професионално ќе одговори на барањата и потребите на клиентите.
Брза испорака, висок степен на флексибилност и квалитет, сигурен производ се наш приоритет.


